Жител на канадскиот град Оуен Саунд во провинцијата Онтарио е побогат за 25,5 милиони американски долари откако ги доби на лото (6 од 49). Тоа е џекпотот на националната лотарија.

Тој ги одиграл бројките 4,16,25,29,39 и 48.

Беше погодена и втората „утешна“ награда вредна 760 илјади долари. Таа отиде во раце на жител на градот Садбери од истата канадска провинција. Согласно правилата на националната лотарија, името на добитникот треба да биде јавно објавено.

Најголемата добивка на лото во Канада беше во 2015 година кога среќникот доби 49,5 милиони американски долари.