Срѓан Ѓоковиќ, татко на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, изјавил дека на полуфиналето во Париз против Федерер се виде дека запдот не му е наклонет на српскиот ас.

Ѓоковиќ, говорејќи за времето кога син му не беше во форма, рекол дека Новак често со инает се борел против неприликите.

„Коментарите го погодуваа Новак. Социјалните мрежи се единствена негова врска со земјата. Го погодуваа. Не му беше лесно. Тој е дел од српскиот народ, а ние сме познати инаетчии. И кога таму навиваат против него, тој се заинатува и покажува дека е од челик. Како на мечот против Федерер во Париз. За жал, тој западен свет не го сака. Го почитуваат, ги ценат неговите успеси, но не го сакаат. Но, ќе мораат да се помират со тоа дека тој е најдобар и дека ќе биде најдобар во историјата на тенисот. А зашто во Кина игра најдобро? Зашто чувствува дека таму го сакаат“, рекол Срѓан Ѓовокивѓ при гостувањето на ТВ Прва.