Српската заедница во Македонија со свечена Светосавска академија вечер во Македонскиот народен театар ќе го одбележи 27 Јануари, Националниот празник на Србите – Денот на српскиот просветител Свети Сава.

На настанот најавено е обраќање на техничкиот премиер Оливер Спасовски, како и на делегациии од Србија и Република Српска, а ќе се одржи и богата културно-уметничка програма.