Српската опозициска Народна партија донесе одлука вечерва да ги бојкотира претстојните парламентарни и локални избори.

Одлуката беше донесена едногласно, а претседателството на партијата, со кое претседава Вук Јеремиќ, ја донесе таа одлука затоа што не веруваат дека владата ќе дозволи фер избори.

Според дел од српските медиуми, се очекува и другите членови на Алијансата за Србија  да излезат со истиот став набрзо.

Јавноста во Србија може да има повеќе информации за понатамошните активности на опозицијата на 23 август, кога на состанок е предвидено да присуствуваат сите што потпишаа заеднички документ минатиот декември, јавуваат српски медиуми.

На состанокот  треба да присуствуваат претставници на опозициските сојузи, партии и движења што ги потпишаа на 14 декември Заедничките услови за слободни и фер избори. Во тоа време, тие истакнаа дека, и покрај нивните разлики, тие биле обединети во својот став дека обединети и на синхронизирани начин ќе се борат за фер изборни услови.