Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, денеска изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е „во кома“ и дека нема врска со пратеникот на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, туку со некои земји кои би морало да го искористат својот авторитет за да го спречат етно-националистичкото дивеење на Албин Курти, а тие не го прават тоа.

– Тоа нема никаква врска со Мирослав Лајчак, туку со фактот дека многу земји кои би морале да го искористат својот авторитет и влијание за да го спречат етнонационалистичкото дивеење на Курти, не го користат својот авторитет или не се заинтересирани, рече Ѓуриќ во изјава за РТС, пренесе Бета.

Тој додаде дека во некои случаи се случува нешто многу полошо, имено дека некои земји го заменуваат претходно прокламираниот приоритет за создавање на демократско и мултиетничко општество на Косово и Метохија со некои други геополитички цели.