Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, направи дабл-дабл и му помогна на својот тим да обезбеди победа од 103:100 над Лос Анџелес Kлиперс на натпреварот одигран рано утрово на гостински терен.

Србинот мечот го заврши со 26 поени и 22 скока што е повторување на личниот рекорд. Тој оствари и осум асистенции, две украдени топки и две блокади за 38 минути.

Јокиќ го одигра шестиот меч со 20+20, што му овозможи да го помине Маркус Камби и да стане рекордер на Денвер во оваа статистичка категорија.

Денвер со биланс 16 победи и 16 порази се наоѓа на 6.место на табелата во Западната конференција од НБА-лигата.