Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за натпреварот меѓу Башкими и Струга.

Поради однесувањето на домаќинот, неслужбените лица крај теренот и физички напад врз претставници и фудбалери на гостите е донесена одлука за казната. Башкими ќе биде санкциониран со забрана за играње на четири натпревари на домашен терен.

Освен тоа, клубот ќе плати и парична казна од 5.000 евра поради слаба организација на натпреварот од 28. коло на ПМФЛ.

Дисциплинците донесоа одлуки за казни на шефот на стручниот штаб Иван Варадиновски и тренерот на голмани Трајче Ников од Кожув со суспензии од по два натпревари.