Во недела во Струмица, во големото финале во Купот на Македонија, за пехарот ќе се борат Вардар и ГРК Охрид откако во второто полуфинале, Вардар славеше против Алкалоид со 33:28.
РК Алкалоид беше осетно хендикепиран со неиграњето на Марко Митев и Ѓорѓиев поради повреда.
Кај победничкиот тим Малус постигна 9 голови, шест од шест имаше Тузолана, Валах заврши со 10 одбрани.
Кај Алкалоид Дамјан Митев со 6 голови беше најефикасен.




