Досега на шега предлагав Македонија да се нарекува Југозападна Бугарија, но сега сериозно им го предлагам името Илирија. Тоа го истакнал бугарскиот историчар проф. Божидар Димитров во врска со информацијата дека од можните имиња на нашата држава со кое со леснотија на проститутки овде лицитираме, е Илинденска Македонија:
„Кога Кипар доби независност, го доби и тоа име, но луѓето таму се Грци и така се нарекуваат. Следствено, не е важно името на државата, туку суштината на населението кое живее таму. Истото е и со Австрија, таа се нарекува Австрија, но во неа живеат Германци. Да ја споменеме и Молдавија во која 4,5 милиони се Романци. Согласно на тоа, ние се согласивме со името Македонија. Не е важно како ќе се вика државата, туку каква ќе биде суштината на населението и неговата национална припадност. Десет отсто Македонци веќе се Бугари, по пасош. Тоа е убаво, но ќе ги има се повеќе и повеќе“, рекол Димитров предлагајќи го името Илирија за Македонија.
„Некој ќе скокне и ќе каже дека на тој начин ќе се израдуваат Албанците. Да, зашто во ова ново време некој реши дека Албанците се потомци на Илирите. Но, тоа не е точно односно нема никакв доказ за тоа“, вели Димитров.
Тој објаснува дека Илирија е древна и била на огромна територија која го опфаќала целиот Западен Балкан, вклучувјќи ги и Хрватска и Словенија.
„Во 16 век, кога тие народи започнуваат да размислуваат што да прават откако ќе се ослободат од турската и австриската власт, решаваат дека се потомци на Илирите и ја издигнуваат т.н. илирска идеја. Тоа е обединување на сите народи во една држава наречена Илирија. На тоа работат, како Хрвати каков што е Рафаел Леваковиќ, така и Бугари, како Петар Богдан и Петар Парчевиќ“, рекол Димитров.
Тој додал и дека на Ватикан му се допаднала идејата и основал еден илирски колеџ во италијанскиот град Сполето, каде завршиле голем дел од хрватските и бугарските католици.
„Подоцна, во 1916 година, кога на островото Крф се носи решение од имигрантите од Хрватска, Словенија итн да се создаде една држава од јужните Словени, се разгледува и таа идеја за Илирија, но не се постигнува согласност и новата држава безлично се крсштева како Српско-Хрватско-Словенско кралство. Подоцна следи името Југославија. Името Илирија, на тој начин, останува слободно“, истакнува Димитров.
Според него, тоа име е историски и му припаѓало на еден словенски народ за кој не се знае дали има потомци или исчезнал како Тракијците.
„Според мене, народот исчезнал целосно и Албанците се негови наследници. Името Илирија би ја задоволило Грција, бидејќи не го содржи името Македонија, а ќе ги задоволи и амбициите на Македонците дека се наследници на една држава од античкиот период“, додал Димитров.