Еден од грчките изговори за понижувањата на Република Македонија и идентитетскиот геноцид што се врши врз Македонците е иредентизмот, поради што паднаа таблите на автопатот и аеродромот во Скопје, а нашите домашни творци на „креативни решенија за името“, пак, ја смислиле придавката Илинденска за решение на проблемот што Грција го има со името Македонија.

Придавката Илинденска се поврзува со македонските Илиндени од 1903 и 1944 година, два историски настани што се случиле на 2 август. Пред повеќе од два милениума, на истиот датум, кога е верскиот празник св. Илија или Илинден, според кој и востанието против Османлиите во 1903 е наречено Илинденско, се случил уште еден историски настан.

На 2 август 338 година п.н.е. се одиграла познатата Битка кај Херонеја, во Беотија и била најголемата победа на Филип II Македонски. Таму Македонците командувани од Филип Втори, со 32.000 војска, ги поразиле комбинираните сили на Атина и на Теба, со што ја зацврстил македонската хегемонија во Грција. Битката се водела по класичните принципи на војување – фалангата на Атина и нејзиниот сојузник Теба, наспроти македонската фаланга на Филип.

Атињаните биле на левото крило, а Тебанците на десното, со важниот Свет батаљон кој бил најдесно. Атињаните и Тебанците биле сместени до центарот на борбената линија. Кај Македонците пак, Филип го командувал десното крило, додека неговиот син Александар го командувал левото. Коњичките придружници биле сместени позади македонската борбена линија.

Античките извори велат дека двете страни жестоко се бореле долго време. Филип намерно ги повлекол неговите трупи на десното крило за да ги пробие грчките линии. Александар бил прв што ги разбил тебанските линии. Откако го видел ова, Филип се заложил да нападне со сета бес, а Атињаните не можеле да им се спротистават на македонските ветерани. Со повлекувањето на Атињаните, Тебанците останале да се борат сами и биле поразени. Од славните 300 членови на Светиот тебански батаљон, 254 загинале, додека 46 биле ранети и заробени.

Грчките полиси биле поразени и потпаднале под македонска власт, но немале статус на робови и не плаќале данок. На општиот мир вклучен во зимата 338/7 г.п.н.е. на Грците им била дозволена слобода и автономија, но сепак била ограничена.

Преку склучениот мир по битката кај Херонеја, Филип Втори Македонски иако воено не ги окупирал, освен поставените четири воени бази околу островот Евбеја, сепак остварил негово мешање во внатрешните работи на полисите и приватната сопственост на нивните граѓани, а со тоа и нивна подредена положба во однос на Македонците.