Големи вежби спроведува Австрија на границата со Словенија и на тој начин испраќа јасна порака до Германија, чија влада е поделена во однос на мигрантите, пишува Билд.
Германскиот весник подвлекува дека вежбите заеднички ги спроведуваат полицијата и армиски тесили.
„Со овие вежби сакаме да се подготвиме за сите можни сценарија и да испратиме јасна порака дека овде нема да има загубена контрола и слободен премин како во 2015 година. Причината за овој потег е дебатата за затворање на границите во ЕУ, поттикната од Германија, како и последниит развој на настаните со мигрантската рута на Балканот“, порача Виена.
Канцеларот Себастијан Курц истакна дека Австрија ќе бде подготвена да стори се што е неопходно за да ги заштити границите.
„Ова подразбира обезбедување на границите на (преминот) Брене, на границата со Италија, но исто така и на другите места. Сакаме да работиме заедно, така што ние нема да одиме таму. Мора да обезбедиме дека тие веќе не можат да дојдат до ЕУ, нелегални мигранти, зашто во таков случај нам ќе ни треба контрола на границите внатре во Европа“, рече Курц.
На денешните вежби за прв пат ќе се тестира тимот од 600 луѓе Пума,формиран за заштита на границата кој ќе треба да запрат бегалци.