Франција со неколку држави, меѓу кои и Велика Британија, создава воена сила надвор од рамккте на ЕУ.

Потегот е дел од францускиот план да се има Лондон блиску до европската безбедносна структура и по Брегзит, ја пренесува РТ веста на Ројтерс.

Иницијативата за европски интервентни сили има за цел да состави коалиција на армии кои се подготвени да реагираат во кризи во близина на европските граници без НАТО или САД.

Францускиот министер за одбрана, Флоренс Парли, ја водеше церемонијата во Луксембург каде Германија, Белгија, Британија, Данска, Естонија, Холандија, Шпанија и Португалија потпишаа писмо за намери. Нивната промоција доаѓа по повеќемесечни преговори со Германија, зашто Франција сака таа да биде во центарот на воените сили.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Атолтенберг ја поздрави одлуката изјавувајќи дека тоа ќе помогне во модернизирањето на европските војски и нив ќе ги направи побрзи и помобилни.