Гувернерот на руската област Курск, Роман Старовоит на Телеграм објави дека еден маж загинал, а повеќемина се повредени во напад на украинската армија врз погранично село Тјоткино.

– Уште еден непријателски напад врз Тјоткино, што беше изведен во зори, за жал заврши со трагедија. Во моментот се знае дека е убиен најмалку еден цивил, напиша Старовоит на Телеграм.

Тој додаде и дека според првичните податоци, жртвата е возач на камион.

– Во нападот има и ранети. Оштетени се неколку куќи во Тјоткино. Во селото во моментов се гаснат пожарите, истакна Старовоит.