Македонската одбојкарска репрезентација со пораз од Бугарија од 3:0 во сетови (25:17; 25:19 и 25:18) го почна настапот на Европското првенство. Во сите три сета македонските одбојкари беа конкурентни барем во 2/3 од сетот.
Во првиот сет македонскиот тим водеше со 5:4, но противникот направи серија од 4-0. При резултат 16:15 за ривалот, не реализиравме напад и противникот со серија од 9-2 го доби сетот со 25:17. Во вториот сет македонските одбојкари водеа со 8:5, а по 18:18 противникот имаше серија од 6-0 за да го добие вториот сет. Во третиот сет повотрно минимално водство за македонската репрезентација со 7:5, а по 13:13 Бугарија имаше серија од 7-0 за водство од 20:13. Тоа беше доволно за освојување на третиот сет.
Во првото коло од групата Б што се игра во Софија утре играат: Полска – Португалија и Израел – Украина.
Следениот натпревар македонските одбојкари го играат во петок против Украина. (МИА)




