Министерството за правда изготвило нов Закон за јавно обвинителство, објави порталот Фокус од свои добро упатени избори.

Како што пишува Фокус во своето електронско издание „нема ни С од СЈО“.

Со новиот предлог, не се предвидува ново обвинителство за гонење на висока корупција, туку сите случаи од овој профил ќе ги работи постоечкото ЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Се чини, вработените, стручните соработници и останатиот технички персонал, од поранешното СЈО ќе останат без работа, а нивните работни договори ќе се прекинат.