Во гарнизоните на АРМ е дадена наредба да се извади името Македонија од униформите на војниците – тврдат извори од АРМ.

Според информациите до кои дојде порталот Република, минатата недела, по читана наредба на утринската смотра, низ гарнизоните е наредено да се отстрани натписот „Македонија“ кој се наоѓа на левата страна од униформите на војниците.
– Реформите на Радмила Шекеринска се гледаат на дело. Откако беше наредено да се отстрани името Македонија, беше посочено дека доколку не се почитуван наредбата ќе следува парична казна, како и други казнени мерки. Но ова не беше доволно. Откако дел од војниците одбија да ја почитуваат наредбата и не го отстранија натписот, кој е всушност лепенка – чичак трака, следуваше уште една мерка – отстранување на чичак траката од самата униформа со цел војниците да не можат повеќе да ја вратат лепенката со името „Македонија“ на своите униформи – вели изворот на порталот.
На 3 јули претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски ја потпиша уредбата за ознаките на униформите на Армијата која од тој момент стана Армија на РС Македонија.