Министерството за одбрана на Република Хрватска испраќа авион Канадер со два екипажи во Република Македонија за да обезбеди хуманитарна помош во гаснењето на пожарите, соопшти вчера Министерството во Загреб.
Авион Canadair CL-415 со два екипажи се испраќа во Македонија по наредба на вицепремиерот и министер за одбрана Иван Анушиќ, се додава во соопштението.
Македонската влада завчера донесе одлука за постоење на кризна состојба поради зголемена појава на пожари на територијата на земјава.
Фото: Влада на Хрватска