Британскиот музичар Стинг го издаде 14-от студиски албум, кој исто така е втор албум со 15 веќе познати песни, кои сега звучат поинаку, бидејќи се направени во нов аранжман.

Првиот таков албум, Стинг го издаде во 2010 година под името „Simphonicities”.

Новиот албум содржи 15 обработени верзии на најпопуларните песни на Стинг од целата кариера, и од периодот кога беше член на групата „Полис“ и како соло музичар.

Преку социјалните мрежи, Стинг ги опиша новите верзии на песните како преуредени со нови помодерни аранжмани.

Турнејата на Стинг „Моите песни” започнува на 28 мај со концерт во Париз, а во Скопје доаѓа на 2 јуни.