Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска го повика министерот Бујар Османи да земе креда и на таблата да напише одговори:
-Во кој кластер за ЕУ се преговори на Влада со Слупчане за плаќање струја?
-Во кој кластер за ЕУ е потребно полициска асистенција за екипи на ЕВН да прочитаат струјомер?
-Во кој кластер за ЕУ е претприемачки дух на Дрин Ахмети без денар пола Соравија да ја добие?
-Во кој кластер за ЕУ е изборот на Абази во обвинителство, жена му во АЕК, додека Али му седи на глава?
-Во кој кластер за ЕУ се Хотелот на Шапка, дуќанот во Скопје и луксузното Аудито на Груби?
-Во кој кластер за ЕУ е кабелот за тетовската болница? Во кој кластер е лагата за лекот Трикафта, во кој кластер се душите на 45те изгорени во автобусот Беса Транс?
-Во кој кластер за ЕУ се кривичните за Рамиз Мерко, директорката му со средно во Струга, и докторот што ја остави жената без органи?
-Во кој кластер за ЕУ е фирма за гаќи избрана за надзор за градба на автопат?
-Во кој кластер за ЕУ се фабриката на Дестани за коли на струја и концесија за Иловица?
-Во кој кластер за ЕУ се издавање пасоши за светски мафијаши?
-Во кој кластер за ЕУ е државна земја за фирмата на сопругата на премиерот?
-Во кој кластер за ЕУ е договор за градба на коридор со пенали за предвидени непостоечки закони?
-Во кој кластер за ЕУ е немање учебници, а во кој кластер трите милиони евра за Арберија?
-Во кој кластер за ЕУ се вработувањата на новинарката и сопругата на Мартин Костовски како неопходни во МНР?
-Во кој кластер за ЕУ е доведување на Македонија во подредена положба и намерно загрозување на нејзините интеграции?
-Во кој кластер е предавството и одговорноста која што ќе следи?
-Бујар Османи, земи креда и со големи букви напиши: УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ НЕМА ДА ИМА! Бујар Османи да си ја реализира оставката, што сепак нема да го спаси од одговорност! Само избори се спасот, вели Стоилковски.