Зоран Заев и неговите апологети и соработници како Владо Бучковски, Денко Малески, Љубчо, Стојанче… да се произнесат дали ја прифаќаат верзијата на Обласната бугарска полициска управа во Скопје дека Цветан Димов извршил самоубиство, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Стоилковски го пренесува сведочењето на началникот на групата А на државната безбедност во Обласната бугарска полициска управа во Скопје, Љубомир Јорданов.

„По задржувањето на Цветан Димов во Управата, уште од првата вечер беше тепан по табаните. Идниот ден него го тепавме јас, Мачков, Панков и Рајков. Така беше тепан уште два-три пати. На 9 јули беше повикан да оди на сослушување. Одби, под изговор дека е болен. Два трипати го испратив Чучков да го доведе, но тој упорно одбиваше, зборувајќи дека е болен. Јас се налутив и отидов лично. Во неговата келија го пцуев и му се развикав. Тогаш тој стана и појде. Јас одев напред, а по него Чучков. Од келијата излезе откако двајцата му помогнавме. Но, тој сепак неможеше да оди, бидејки беше претепан. Кога стасавме близу мојата канцеларија го бутнав накај прозорецот. Се занесе и се наведна на прозорецот. Тогаш го фатив за нозете, го подигнав и го турнав долу. Падна од вториот кат во внатрешниот дел на дворот, врз бетонот. Во тој момент во дворот беше еден од работниците на Управата и Цветан Димов падна покрај него. Потоа отидов и реков дека Цветан Димов се фрли сам. Исто така ова му го соопштив и на обласниот начелник. Кога го фрлив Цветан Димов низ прозорецот, беа присутни и агентите: Методи Попов – Величков и Трендафилов. На сите агенти им беше кажано да разгласат дека Цветан Димов сам се фрлил.“

Стоилковски потсетува дека Цветан Димов, меѓу другото, е и организатор на Илинденските демонстрации во 1941 во Битола.

– Илинденските демонстрации, осмислени од Стив Наумов биле предвесник за започнување на востанието во Македонија против фашистичкиот окупатор. Внимавајте, повторно Илинден! Цветан Димов е само еден од низата Македонци жртви на фашизмот кои што денес се негираат- и жртвите и фашизмот. И денеска Димов има двајца непријатели, окупаторот и домашните предавници, порачува Стоилковски.