Македонците во Германија излегуваат на протест по скандалозното интервју на Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС и распродажбата на македонската историја, јазик и идентитет.

Тие, како што е објавено во соопштението и повикот, бараат да запре етноцидот врз македонскиот народ.

Протестот во Диселдорф е закажан за 12 декември во 12 часот, на плоштадот во овој германски град.