Земјотрес со јачина од 3,4 степени по Рихтерова скала, околу 14 часот попладнево, е почувствуван во Скопје.

Епицентарот е на 12 километри источно од Скопје, односно на 82 километри југоисточно од Приштина, на длабочина од 1-2 километри.

Освен вознемиреност кај граѓаните засега нема информации за материјални штети.

Друг земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтер беше регистриран неколку минути пред 13 часот по локално време на 11 километри источно од градот Тива, околу 40 километри од Атина, според податоците од Геодинамичкиот институт, јави дописничката на МИА од Атина.

Засега и од овој земјотрес нема информации за повредени или причинета материјална штета.