Срамно е образложението дека таканаречениот командант Хоџа самиот одлучил да се повлече од висока владина функција веднаш до премиерот, заради тоа што ја сакал Македонија. Зоран Заев лаже. Ве повикувам заедно да ја слушнеме изјавата на Хоџа во која самиот тој кажува колку му е нему грижа за Македонија, изјави портапролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– Хоџа јасно вели дека не го интересира дали Македонија ќе постои или нема да постои. Јасно е дека Хоџа не го интересира дали Македонија оди напред или назад и дали државата функционира или не. Хоџа можеби сака некаква Македонија, но не унитарна и мултиетничка каква што е сега-рече Стоилковски.

Тој нагласи дека Заев пред да го именува тн. командант Хоџа за свој премиерски советник ги знаел овие негови ставови.

– Така што Зоран Заев лаже. Тој се сретнал со него и разговарале за позициите на Џезаир Шаќири кој се наоѓа и на американската црната листа. И покрај се, Заев одлучил дека тој е најкомпетентен да му биде советник за безбедност и борба против радикализам. Ваквото однесување на Заев е срамно. Ваквото мајтапење со граѓаните, државата и нејзините институции е недозволиво. Заев и сите оние кои што ги вршеле безбедносните проверки за командантот Хоџа и препорачале тој да биде висок функционер мора да сносат одговорност. Дури и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го бранеше именувањето на Хоџа и не гледаше ништо спорно и контраверзно во фактот дека радикал од црната листа, чие име се поврзува и со убиство на полицаец, треба да го советува и премиерот и за полицијата- нагласи Стоилковски.