Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Дневникот на Сител телевизија се осврна на актуелните случувања во Собранието, одоносно дебатата по предлог буџетот за следната година.

-Кога ќе го разгледате буџетот, а особено кога ќе имате стручна дебата најважно од се тоа е да го симплифицирате за да можат граѓаните да разберат, што всушност тие ќе добијат од буџетот за наредната година. Јас во една реченица би кажал дека тоа е буџет којшто ќе реши многу проблеми и ќе даде многу за македонските граѓани, но пред се тоа е буџет за финансиска стабилност. Зошто за финансиска стабилност? Вие го спомнавте дефицитот којшто е проектиран да биде помал од тој којшто е оваа година, што оди во насока на стабилизирање на оние трошења коишто ги има македонската држава коишто пак се последица на долговите коишто треба да се вратат назад, рече Стојаноски.

Стојаноски посочи дека следната година ќе донесе интензивен инвестициски циклус, со планирана изградба на шест автопати истовремено, продолжување на железничката пруга кон Бугарија со третата фаза од Коридорот 8, како и можен почеток на новата пруга на Коридорот 10. Тој додаде дека за капитални инвестиции од централниот буџет се предвидени 663 милиони евра, дополнети со уште 18 милијарди денари преку Јавното претпријатие за државни патишта.

-2027 година ќе биде годината во којашто ќе имаме историски највисок додаток по основ на враќање на стари долгови. Кога ќе ги соберете сите долгови коишто сите ние треба да ги вратиме, а коишто се земени од претходната влада, доаѓаме до околу 2 милијарди евра, кога ќе ја додадеме еврообврзницата земена во 2023 година, половина милијарда, наредната година ние треба да вратиме обврски од 2,43 милијарди евра. Ако целиот буџет ви е 7,2 милијарди а вие треба да вратите 2,43 милијарди евра, тогаш можете да претпоставите колку простор заземаат старите долгови. Само по основ на камати, ова го кажувам за македонските граѓани да знаат, треба сите ние заедно да вратиме 405 милиони евра односно 62 милиони евра повеќе отколку претходната година, рече Стојаноски и додаде:

„И кога ќе ги расчистите сите овие долгови, од тоа што ви останува, ние за нредната година сме предвиделе повисоки плати, повисоки пензии, повеќе средства за оперативен план за вработување, повеќе средства коишто ќе одат во образованието, повеќе средства во здравството, повеќе средства за изградба на детски градинки. Догодина ќе се градат шест автопати одеднаш, ќе започне со градба третата фаза за пругата кон Бугарија, можеби ќе почне и новата пруга Коридор 10. Наредната година ние ќе бидеме држава во којашто ќе се трошат 663 милиони евра капитални инвестиции од централниот буџет и плус 18 милијарди денари од ЈПДП, така што очекувам дека покрај овие издатоци коишто ги имаме наредната година ќе биде година којашто сите ќе ја почуствуваат на подобро, секако и стопанството и граѓаните“.