Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Дневникот на Сител телевизија дискутираше за актуелните случувања поврзани со Алта банка потенцирајќи дека надзорната расправа во Собранието се одржала со јасна цел, истата да се реализира што е можно побрзо и без непотребно одолговлекување.
Според него, расправата ја исполнила својата суштинска цел, и како што рече, прашањата што ги интересирале граѓаните биле поставени и одговорени.
-Намената на таа надзорна расправа зошто беше повикана, ние прифативме да се случи, со единствено барање да биде што е можно побрзо, самите побаравме, поднесовме и до претседателката на Комисија и писмено барање со 1/3 од членовите и замениците, и наместо веднаш и неодложно да се случи тие почекаа десет дена за да добијат простор преку пресови, на некаков начин да создаваат тема во јавноста којашто ја нема, изјави Стојаноски.
Стојаноски посочи дека опозициската СДС наместо да понуди аргументи и суштинска дебата, се обидела да ја претвори надзорната расправа во политичка претстава. Според него, надзорната расправа ги разјаснила сите прашања што се во надлежност и ингеренции на институциите, при што граѓаните имале можност непосредно да ја видат реалната состојба.
-Надзорната расправа се случи. Ние побаравме седум гости да дојдат, тие побараа околу триесет, заедно целата опозиција. Премиерот побаараа да биде прв, ние тоа барање им го прифативме и покрај тоа што е апсолутно ненадлежен за ова, мислејќи дека ќе креираат политика. И јас лично сметам дека прашањата коишто требаше да бидат поставени од страна на граѓаните, беа поставени и беа одговорени, рече Стојаноски и додаде:
„Би дефинирал два важни моменти. Надлежност и ингеренции. Ако одиме по тоа што е надлежност и ингеренција на иституциите сите можни прашања беа одговорении граѓаните можеа да видат каква е реалната состојба од оние коишто се најодговорни за истата. И токму затоа можете да видите, од тој момент од единаестти ноември досега и центарот на гравитација на комуникација на СДС е сменет. Нема повеќе отворени прашања бидејќи таму можеа да се одговорат, има смао квалификации коишто се апстрактни и коишто не може да се проверат, одредени прашања, кривични итн. Но она коешто е важно ете сега треба да се случи вториот ден на надзорната на којшто треба да се усвојат заклучоци. Повторно ние побаравме да се свика колку што е можно побрзо минатата недела, тие не ја свикуваат. Зошто не ја свикуваат? Бидејќи како што кажав, прво беа матирани од премиерот од документот којшто го извади, а второ бидејќи најверојанто имаат проверено во Деловникот дека исказот на еден сведок може да генерира и дополнителен повик и на други сведоци. Најверојатно СДС се пресметува во редовите коишто ги има во пратеничката група и можеби стравува од тоа да не ги повикаме тие коишто биле присутни и коишто се наведени на записникот кога ја носеле таа одлука во 2023 година“.




