Селекторот на репрезентацијата на Летонија, Славиша Стојановиќ го коментираше катастрофалниот пораз со 0:6 од Австрија на натпреварот од квалификациите за ЕВРО 2020.
– Имаме три или четири заеднички тренинзи во нашата база. Многу е тешко за мене и другите тренери да направат промени преку ноќ. Потребни се години и години. Така беше и Белгија, Швајцарија и Австрија за да се дојде до она што го имаат сега. Јас не сум еден од оние момци кои бараат изговори, но јас сум реален, изјави Стојановиќ.
На почетокот реков дека оваа година ќе биде напорна, многу напорна. Не очекував дека ќе биде толку тешко. Ние мора да се соочиме со вистината и да зборуваме искрено едни со други, додаде летонскиот селектор во изајава за веб-страницата на УЕФА.
Токму Летонија е следниот противник на македонската фудбалска репрезентација во 6.коло од Г-групата. Овој дуел е закажан за понеделник (9 септември).