Бојан СТОЈАНОВСКИ

Реализација на капитални трошоци во период 1 јануари 2019 г. – 30 септември 2019г (три квартали) според извештај на Министерство за финансии за општина Ѓорче Петров:
– Реализирани 36 милиони денари, а предвидени 134 милиони денари.

Процент на реализација 27,22 отсто!

Пред нас се општини како Брвеница со 82,06 отсто, Желино со 48,47 отсто, Могила со 33,63 отсто…

Но што може да се очекува од една локална власт и градоначалник како Александар Наумоски кој три години не може да заврши проекти кои се започнати, со обезбедени финансии (33 улици и фекална канализација во Волково, училиште во Хром, училиште во Волково, спортска сала во Волково итн.), кој нема започнато ниту еден, повторувам ниту еден проект во интерес на граѓаните.
Една реконструкција на улица, како Борис Сарафов (поранешна „4 Јули“) па скоро 5 месеци не можат да ја завршат, а каде ли да требаше да ја градат од ново.
За процент на реализација на капитални трошоци од 27,22 отсто треба да следи ОСТАВКА!
Одговорно тврдам дека Ѓорче Петров немала понеспособна власт и понеспособен градоначалник!

(Стојановски е претседател на ОК на ВМРо-ДПМНЕ за Ѓорче Петров и советник во Советот на општината)