Прекинатиот бунт на платеничката група „Вагнер“ во Русија покажува дека Москва направила стратешка грешка со започнувањето војна против Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Настаните од викендот се внатрешно руско прашање и уште една демонстрација на големата стратешка грешка што ја направи претседателот Владимир Путин со нелегалната анексија на Крим и војната против Украина“, изјави тој за време на посетата на литванскиот главен град Вилнус.
„Додека Русија ја продолжува својата офанзива, уште поважно е да ја продолжиме нашата поддршка за Украина“, додаде Столтенберг.