Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата нема да го брани Израел во случај да биде нападнат од Иран, пренесува Бета.
Столтенберг за денешното издание на „Дер Шпигел“ рече дека Израел е партнер но не и член на НАТО и дека „сигурносните гаранции“ од Алијансата не се однесуваатна Израел.
Според зборовите на Столтенберг, НАТО не е вмешан во мировните напори на Блискиот Исток, ниту во судирите во регионот.
Неговата изјава доаѓа во време на засилена израелско-иранска тензија.
Израелскиот премиер Бењамин Нетанјаху од неодамна ги засили критиките за нуклеарната спогодба со Техеран од 2015 година. САД минатиот месец се повлекоа од таа спогодба.
Иран и Израел воено се судрија околу иранското војно присуство во Сирија.