Во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 331 санкција.

Како што денеска соопштија од МВР, 49 лица се санкционирани за возење без возачка дозвола,  за пречекорување на дозволената брзина на движење се 93 прекршоци, 42 се за технички неисправни и нерегистрирани возила и 31 санкциониран мотоциклист.

Изречени се и 36 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираате до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Само на територијата на општина Шуто Оризари во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 97 санкции, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека за возење без возачка дозвола санкционирани се 27 лица, 24 возила биле технички неисправни и нерегистрирани…

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, стои во соопштението од МВР.