Економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од лидерот на партијата Христијан Мицкоски денеска ќе има средба со компаниите членки на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО).
ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави својата економска програма, но ќе ги слушне и предлозите како и сугестиите на стопанствениците.
Средбата е на покана на МАТТО, а пред две недели ваков работен состанок беше одржан и со економскиот тим на СДСМ, предводен од претседателот на партијата Зоран Заев.