Воз од местото Капкуле за Истанбул доживеал несреќа кога пет вагони излетале од шините, соопшти турскиот весник Хуриет.

Според првичните податоци од спасувачките тимови, најмалку десет лица загинале, а 73 се повредени. Во возот имало повеќе од 300 патници..

На местото на несреќата се наоѓаат спасители, а испратени се околу 100 амбулантни возила.

За несреќата е информиран и турскиот претседател Ердоган.