Осумдесет и еден загинати е досегашниот биланс на поплавите во Јапонија како последица на огромните поројни дождови и свлечишта. Неизвесна е судбината уште на 50 лица, соопшти Националната информативна агенција Кјодо.

Продолжуваат спасувачките операции во кои учествуваат над 50.000 полицајци, пожарникари и припадници на силите за самоодбрана.

Во центрите за сместување се наоѓаат над 30.000 лица.

Поплавите се од таков карактер што во еден момент била издадена наредба за евакуирање на над 5,9 милиони луѓе.

Се очекува бројот на жртвите да порасне, зашто властите од мноу локални места се уште не известиле за состојбата по тамошните свлечишта.

Поројните врнежеи во Јапонија започна во четвртокот, а се очекува да продолжат и денес.