Дури пет лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи во саботата, 27 јуни, на државниот пат број 3 во Унгарија, пишува „Бликк“. Двајца возрасни и две деца починаа веднаш на самото место, а денес трето дете им подлегна на повредите, со што вкупниот број на жртви е пет.

Во несреќата учествувале два патнички автомобили кои се судриле на 155-тиот километар од државниот пат број 3, во близина на градот Бикабрањ. На местото на настанот биле испратени полиција, брза помош, пожарникари и три хеликоптери на брза помош.

Во еден автомобил имало три деца и двајца возрасни. Две од децата починале на местото на настанот, додека третото дете им подлегнало на повредите денес.

Двајца возрасни во другото возило починале на местото на настанот. Истрагата траела со часови, поради што овој дел од патот бил целосно затворен за сообраќај.