Министерот за економија Крешник Бектеши од денеска ќе биде во официјална посета на Вашнигтон, каде што ќе учествува на Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави.

-Како дел од разговорите на Стратешкиот дијалог, значајно место, меѓу другото, ќе имаат и темите од областа на енергетиката, економска соработка, трговија и инвестиции, соопшти Министерството за економија.

Во рамки на посетата, Бектеши ќе оствари и работна средба со Ендру Лајт, помошник секретар за енергетика за меѓународни прашања во Секретаријатот за енергетика на САД и ќе учествува на состаноци со претставници на Американскo-централно европско бизни- здружение (АЦЕВА) и со претставници на Националниот демкоратски институт и Националниот републикнски институт.