Екипата на Струга Трим Лум е нов шампион во Првата македонска фудбалска лига. Стружани попладнево на домашен терен го победија Силекс, а во прилог им одеше поразот на Шкендија од Шкупи, па така на две кола пред крајот ја прославија шампионската титула.

Струга е десеттиот македонски фудбалски шампион.

Историската прва шампионска титула, екипата на Струга ТЛ ќе може да ја обедини со трофејот од Купот на Македонија, бидејќи на 20 мај ја очекува финалето со Македонија ЃП.
Резултати на натпреварите од 31. коло во ПМФЛ:

Академија Пандев – Тиквеш 1:4

Македонија ЃП – Победа 7:0

Работнички – Брегалница 5:4

Шкупи – Шкендија 2:1

Струга ТЛ – Силекс 3:0.

Слободен беше тимот на Скопје.

Табела: Струга 62 бода, Шкупи 55, Шкендија 54, Силекс 44, Македонија ЃП 39, Брегалница 37, Работнички 37, Тиквеш 34, Академија Пандев 26, Скопје 22, Победа 13.