Првата и втората група на корисници , кои трошат помалку струја , не треба да се загрижени за цената. Тука спаѓаат близу 98 проценти од граѓаните, уверуваат од Владата, пто е лага бидејќи најмалку 40 отсто од граѓаните во Македонија се греат на струја и не возможно е да трошат помалку од 600 кв/ч на месец колку што е долната граница на третиот блок, а голем дел од нив надминуваат 1 000 кв/ч или 33 кв/ч дневно што е долна граница на четвртиот блок. Но тоа не ја спречува Владата лажно да ги брифира медиумите дека струјата нема да поскапи за 98 отсто од граѓаните, освен за оние што се луксузираат.

Наспроти тоа, директорот на Агенција за енергетика, Дарио Николовски за ТВ21 истакна дека државата покажала дека нема да има енормни шокови во цената на електричната енергија.

„Кон крајот на овој месец ЕВН Хоум ќе го распише тендерот на кој што ЕСМ ќе ја понуди количината и цената која што ја има. Дополнително, Комисијата за енергетика ќе ги утврди тарифите за дистрибуција и пренос кон МЕПСО, МЕМО“, вели Николовски.

Регулаторната комисија ќе има можност да интервенира на доставената цена од ЕВН хоум.

„Регулаторната комисија ќе може да интервенира , отткако ќе ги разгледа сите параметри врз кои ЕВН Хоум ја донела цената.Практично целта е иста , променет е само начинот , кој е согласно Европските вредности.“, рече Николовски.

Она што е извесно е дека од 1 декември стартува дневната евтина тарифа, домаќинствата ќе имаат струја по евтина тарифа 13 до 15 часот во текот на денот. Праксата покажува дека декември е поладен месец и затоа и тогаш се става на располагање на граѓаните.