Престануваат да важат препораките и мерките против загадувањето во Струмица кои во сила беа од вчера откако во претходните два дена беше надминат прагот на алармирање на ПМ10 честичките.

-Согласно податоците од ДАМСКВ на 29 јануари 2019 година среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 188 микрограми на кубен метар  и епизодата од два последователни дена е прекината во Струмица. Со тоа престануваат да важат препораките и мерките согласно заклучоците од 40-та седница на Владата на Република Македонија, соопшти вечерва владината прес-служба.