Никогаш Северна, секогаш Македонија, е мотото на вечерашниот протест што го организира групата Млади за Македонија, кој ќе почне во 20 часот. Бината веќе се поставува, поради што сообраќајот во овој дел од центарот на Скопје, денеска од 10 часот е затворен.
– Ние имаме човеково право на име и идентитет и никој нема право насилно да не присили и принуди да го сменат нашето име и идентитет. Поради најавите за промена на нашето уставно име најавуваме сенароден и непартиски протест кој ќе се оддржи на 23 јуни во 20 часот во Скопје пред Собранието. Исто така, на 1000 годишнината од Охридската Архиепископија најавуваме студентски собир кој ќе се оддржи во Охрид на 27 јуни во 19:30 часот, соопштија Млади за Македонија.
Тие објавија дека вечерашниот голем сенароден протест е поддржан од поголем број здруженија, кои помагаат финансиски или на други начини.
– Од страна на Македонские здруженија во Австралија за протестот ќе бидат обезбеден и бесплатен транспорт од внатрешноста. Протестот е организиран од студентите и младите и нема да дозволиме некој насилно да го промени нашето име и да ја уништи нашата иднина. Никој нема право да не понижива и насилно да ја продава нашето достоинство и нашата душа. Ние сакаме да живееме во држава Македонија, а не во држава со сменето име. Ние сакаме подобра иднина во оваа држава, а не да се иселиме и Македонија да стане држава со иселена младина од типот на Романиај и Бугарија. Ние сакаме да останеме да живееме во оваа држава, а не насилна промена на нашето име и идентитет. Државата останува на младите и токму затоа младите се тие кои треба да одлучат за иднината на Македонија, се вели во нивното соопштение до јавноста.
Студентите нагласуваат дека протестот е исклучиво непартиски и позади него не стои ниту една политичка партија.
– Ние сме студенти од сите политички спектруми обединети за одбрана на името Македонија, се вели во нивниот проглас за протестниот собир.
Тие упатија апел за поддршка на Семакедонскиот народен протест:
– Почитувани браќа и сестри, движењето „Млади за Македонија“ ве повикува на Семакедонски народен протест за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на македонската нација вечерва во 20.00 часот пред Собранието на Република Македонија! Ве викаат младите и внуците на Илинденците со аманет од нашите претци на семакедонско помирување и обединување за Македонија. Со сите разлики меѓу нас Македонците, по род и државјанство, во татковината и во светот, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател. Со Македонија постоиме, без Македонија сите заедно ќе исчезнеме. Во единството е силата и победата! Затоа и аманетот… Македонската света земја којашто вие со македонска крв ја окупиравте, не ви ја продадовме, ниту ви ја подаривме. Таа никогаш нема да биде ваша! Чувајте ја, почитувајте ја, сакајте ја, обработувајте ја, но знајте, дека утре, кога вашите деца ќе си играат, во секое поточе, во секоја река, под секое дрво, под секој камен, живеат духовите на нашиот древен народ македонски, порачаа Млади за Македонија.
Тие објавија дека големиот сенароден протест е поддржан од повеќе здруженија: Австралиско- македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП), Македонското меѓународно движење за човекови права (од Канада), Macedonian Community of Western Australia MCWA, Граѓанската иницијатива „Македонија не партија“, Macedonian Community of Adelaide & South Australia MCASA; Macedonian Orthodox Church Sveta Petka Rockdale; Macedonian Orthodox Community of Australia MOCA; Macedonian Orthodox Community of Melbourne & Victoria MOCVM; Macedonian Orthodox Church Sveta Nedela Gold Coast; Macedonian Orthodox Church Uspenie Na Preseveta Bogorodica Sydenham; Macedonian Orthodox Community of Wollonong; Macedonian Orthodox Community of Newcastle; World Macedonian Congress Australia WMC; Macedonian Orthodox Church Sveta Bogorodica Brisbane.; United Macedonian Organisations of Western Australia, Граѓанската иницијатива “Македонија пред се” од Охрид и други.