Силно полициско обезбедување е подготвено за вечерашниот сенароден протестен собир пред Собранието на Република Македонија, во организација на Млади за Македонија.

На социјалните мрежи се објавуваат фотографии на кои се гледа движење на колони полициски возила кон центарот на Скопје. Ако капитулантскиот договор со Грција е „патриотски чин и иднина за Македонија“, како што го претставуваат политичките структури што го потпишаа, и ако народот го примил со „восхит“, зошто потреба од толку полиција да се брани, коментираат на социјалните мрежи.

– Нека помисли полицијата дека на собирот секој четврти им е комшија или познаник. А сигурно ќе има таму и нивни роднини. Полицијо, кого и што штитиш, прашуваат граѓани на социјалните мрежи.

Погледнете ја галеријата со фотографии што гражаните ги објавуваат на „Фејсбук“.