Ние студентите нема да дозволиме промена на нашето име и идентитет и по секоја цена ќе го одбраниме нашето име Македонија и ќе останеме Македонци, се вели во Прогласот што на Фејсбук го стави групата „Млади за Македонија“.

„Ние не сме “граѓани на Северна Македонија”, ниту пак нашата татковина се вика северна провинција. Оваа битка за нас студентите е света битка како битката на последниот Мохиканец – ова е битка за опстанокот на нашиот Македонски народ! Или ќе победиме и ќе опстанеме, или ќе изумреме ние, со нашите неродени, внуци и правнуци“, се истакнува во Прогласот.

Во него се наведува дека сега кога имаме сопствена држава нема да дозолиме сами да извршиме самоубиство и да прифатиме некаква промена на името.

„Немаме друга опција – или крај за нашиот Македонски народ или ќе останеме да постоиме како Македонци. Ве повикуваме сите вас да ни се придружите на нас студентите и да дадете се од себе во битката за одбрана на нашето име Македонија. Ова е битка на се или ништо! Ова е битка во која Мајка Македонија гледа и плаче и бара помош. Да знаеме Македонија е се што имаме! Над Македонија лебди еден душ – духот на Македон! Македонци од сите политички партии – од ВМРО, од СДСМ, од Левица, од сите политички партии обединете се под знамето на Македонија!!! Македонија е нашата татковина и нашето име е Македонија!, се вели во Прогласот.