Студентката Даниел Брин (22) од Бразил одлучила да ја продаде својата невиност за милион долари за да ги исплати сите долгови.

На овој драстичен чекор се одлучила и покрај тоа што е многу срамежлива и никогаш не била на состанок со маж.

Таа сака да се ослободи од долговите кои растат, да купи куќа во која би живеела со мајката и сестрата и да го исплати студентскиот кредит.

– Се надевам дека тој маж ќе биде љубезна и пристојна личност, џентлмен – рекла Даниел, признавајќи дека, сепак, е нервозна поради тоа.

Таа покренала и сајт на кој ги поставила своите фотографии, но со заматено лице, бидејќи сака да го заштити своето семејство.

– Студирам и работам со скратено работно време. Она што го заработувам не е доволно да ги покријам трошоците, животот во мојата земја е скап, а долговите растат – изјавила таа.

Покрај тоа, сака да вложи и во себе и да изгради сигурна иднина.

– Сакам да покренам сопствен бизнис и да бидам обезбедена – рекла Даниел.

Откакао го покренала сајтот во јуни, досега примила две сериозни понуди.
Најголемата понуда во моментот изнесува 220.000 долари. Сепак, како што истакнала, се надева дека ќе стаса барем до цифра од 750.000 долари и дека нема да се согласи на помалку се додека не се чувствува сигурно.

Даниел ги преземала сите чекори за својот живот да не го доведе во опасност.

– На денот на состанокот, со мене ќе оди телохранител. Безбедноста ми е важна и се ќе направам за така и да се чувствувам – истакнала таа.

Нејзиното семејство не знае за акцијата на Даниел, но пријателите ја поддржуваат.

– Не ме интересира што другите мислат за тоа, ме интересира само реакцијата на моето семејство. Злобните коментари нема да ме ослободат од долговите – заклучила таа.