Фудбалерот на Барселона, Луис Суарез, верува дека неговиот поранешен клуб Ливерпул, нема да ја испушти шансата која ја има оваа сезона за да ја освои Премиерлигата.

Уругвајскиот напаѓач пред пет години се пресели од Ливерпул во Барселона, и во неговата последна сезона на „Енфилд“ тимот имаше шанса за титула во Англија, но ја пропушти во последните кола.

– Освојувањето на Премиерлигата не е лесно, сезоната трае долго. Ливерпул има добра предност во моментов, и со составот со кој располага, тешко ми е да замислам дека ќе го испуштат првото место. И во мое време бевме блиску, но имавме млад тим, тогаш буџетот беше далеку помал од денешниот, изјави Суарез.