Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез даде свое видување по поразот (0:2) од Гранада на натпреварот во Шпанското првенство. Каталонците во првото полувреме ниту еднаш не упатаија удар во рамките на противничкиот гол.

– Имавме голем посед на топка, но не бевме доволно силни во создавање на шанси. Треба да ги анализираме проблемите со ефикасноста. Ние сме Барселона и не смееме да си дозволиме вакви порази. Треба да бидеме посилни ако сакаме да го одбраниме шампионскиот трофеј, изјави Суарез.

Барселона го има најлошиот старт во шампионатот на Шпанија во последните 25 години.

Во сезоната 1994/95, каталоснкиот клуб исто така освои само седум бода по првите 5 натпревари.