Жената која пораснала во домот за незгрижени деца, 50 години трагала по својот биолошки татко, за на крајот да дознае дека нејзината најдобра пријателка од детството е всушност нејзината полусестра.

52-годишната Кара Џен Фарар Питерсон од Скарборо, во Северен Јоркшир, вели дека конечно се чувствува како “да припаѓа некаде” и тоа бидејќи открила дека е во крвно сродство со 51-годишната Карен Смит, најблиската пријателка.

Кара речиси половина век се обидувала да го открие идентитетот на својот татко, бидејќи нејзината мајка Линда, која се мажела шест пати, била сместена во ментална болница кога Кара била само бебе.

Мајкл Фарар одбил да го прифати старателството над Кара и нејзината сестра Мел, и тие биле сместени во дом за незгрижени деца. Меѓутоа, се се променило кога Кара, преку една ТВ емисија дознала дека Мајкл имал уште две деца, а дека од нив е и нејзината школска пријателка Карен.

“Беше навистина тешко и многу работи пропуштив со Карен. Секогаш се чувствував како изгубена душа, а сега конечно се чувствувам како да припаѓам некаде”, рекла Кара.

“Ние отсекогаш бевме поврзани, како да знаевме дека сме сестри”, додала таа.