На денешното рочиште во скопскиот Кривичен суд по предметот Топлик, во еден момент судијата Осман Шабани и обвинителот од СЈО, Бурим Рустеми, почнале меѓусебе да ги договараат роковите за наредните рочишта на албански јазик.

Такво нешто не е предвидено ниту дозволено со било кој законски пропис во РМ , пред се со Законот за кривична постапка. Тоа е едниот проблем. Вториот е што нивното договарање е неразбирливо за втората страна во случајот, страната на обвинетите.

Случајот Топлик се однесува на продажбата на градежна парцела за изградба на населбата „Сончев град“. За овој случај, снимките од прислушуваните телефонски разговори се прифатени како доказ.

Покрај Јанакиески, во случајот се обвинети уште пет лица. Сите се обвинети за злоупотреба на службената положба.