Утрово, на настан организиран од општина Охрид по повод Меѓународниот ден на мирот, на плоштадот во Охрид беа присутни пратениците Жаклина Лазареска и Томислав Тунтев, заедно со охридскиот градоначалник и директорите на јавните претпријатија.

Еден од случајните минувачи бурно изреагирал на нивното присуство поради незадоволството од моменталната политичка ситуација во Република Македонија и на присутните им побарал да си поднесат оставка. По неговата реакција присутните униформирани лица од СВР Охрид го отстраниле лицето од местото на настанот со цел да ги заштитат присутните функционери на власта.

Во продолжение погледнете го видеото кое беше објавено на фејсбук страницата Никогаш Северна- Секогаш Македонија.