Зоран Заев слободно може да ги отпушти неговите адвокати кои го бранат во „Поткуп“, бидејќи денеска доби две нови „адвокатки“, судијката Добрила Кацарска и обвинителката Валентина Бислимовска, кои од петни жили се трудеа да го одбранат Заев, што предизвика низа реакции кај новинарите и публиката во салата, која го следеше судењето против Заев, пишува порталот Сведок.
Посебно „инспиративни“ беа двете вкрстени прашања на обвинителката, која праша: Дали од некој, било од кого имало ПОПЛАКА за работата на Зоран Заев како градоначалник на Струмица и дали имало некаква, нечија одлука, било чија дека тој работел незаконски?
На ваквото прашање почна да реагира Кацарска, па откако Заев одговори дека од него се жалеле Груевски, Мијалков, Јанакиески кои му поднеле обвинение за „Глобал“, се вклучи Кацарска и објасни дека обвинителката не мислела на тоа, туку дали некој граѓанин некогаш воопшто се пожалил на неговата работа, а не дали имало постапки и побара да биде појасна во поставувањето прашања.
Нормално, одговорот беше „не“. Бислимоска се истакна со уште едно вакво јако вкрстено прашање, по што продолжи Кацарска, која е втор судија во случајов да ги разјаснува дилемите, како на пример: дали снимката објавена на Јутуб како Заев бара поткуп е идентична на таа што ја гледале во судница?
Заев рече дека не е идентична, бидејќи била извадена од контекст, па така, таму каде што се зборувало за „едно евро за Вицето“ всушност се зборувало „за цементо и градежни материијали“ за црквата.