Одржавме работна средба со Амбасадорот на НР Кина, на која разговаравме за капиталните проекти што ги реализираме во нашата држава, објави денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
– Го информирав амбасадорот дека во следниот период се отвора широк фронт за работа и ги повикав сите заинтересирани кинески компании да учествуваат на јавните повици за реализација на инфраструктурните проекти, објави Сугарески на Фејсбук.
Во претходниот период, јавноста памети, кинеските фирми, кои сега Сугарески ги кани на тендери, беа често пати (зло)употребувани за партиски цели и напади врз претходната власт, која соработуваше со кинески компании во изградбата на автопатите, набавката на автобуси за градски превоз во Скопје, како и возови за Македонски железници.