Силната инвестициска активност во инфраструктурата продолжува и во четвртиот квартал, изјави денеска министерот за транспорт, Горан Сугарески.

– Очекувам голема реализација на капиталните инвестиции, бидејќи во ресосорт транспорт четвртиот квартал е и најсилен, истакна Сугарески при денешната посета на Валандово.

Тој заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов и градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, изврши увид во реконстуркција на државниот пат Смоквица –Удово. Реконструкција на патниот правец е во должина од шест километри, а вредноста на инвестицијата е 46,3 милиони денари.

– Активностите врз целокупната инфраструктура во државата се одвиваат со силен интензитет. Временските услови се на наша страна со што ни овозможуваат добра и долга градежна сезона. Реконструкцијата на овој патен правец е од огромно значаење за населените места кои гравитираат кон Валандово и валандовско, бидејќи е еден од најфрекврентните и ги поврзува со автопатот. Со силна динамика продолжуваме и во наредниот период, имаме голема програма. Во овој регион планираме голема инвестициска активност за што во следната година се предвидени реконструкции на неколку регионални патишта, изјави Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов истакна дека овој пат е многу значаен бидејќи ги поврзува Валандово, Струмица со Коридор 10.

– Отпочнуваме со работа на патот од Валандово кон Фурка, од Фурка кон Николич и од Стар Дојран до граничниот премин со Грција. Во меѓувреме се работи и на подготовка на еден голем проект, а тоа е изградба на експресен пат од автопатот кај Смоквица до граничен премин Ново Село со Република Бугарија. За следната година само реахбилитации ќе имаме преку 1.200 километри, рече Китанов.

За градоначалникот Костадиновски реконструкцијата на овој пат е од огромно значење, бидејќи влијае врз развојот на регионот.

-Кoнечно приоритетите на граѓаните ги забележуваме и ги решаваме, така ги подобруваме и условите за живот. Патот директно не поврзува со автопатот. Овој крај најбрзо се развива во општината Валандово, а со рехабилитацијата на овој пат дополнително ќе го стимулираме развојот, истакна Костадиновски.